Пожарот кој го зафати луксузниот хотел Address Downtown во Дубаи во очи на Нова година, зад себе остави огромна материјална штета.

Пожарникарите и екипите на цивилна заштита неколку часа се бореле со огнот кој изби на дваесетиот кат во хотелот со пет ѕвезди, а потоа огнената стихија се прошири уште на десет спрата.
Медиумите објавија снимка од пепелот на кое се гледа целосно изгорени простории и делови од зградата, како и огромен неред и поплава поради борбата со пожарот.