Сите младенци сакаат фотографиите од нивниот голем ден да бидат незаборавни.
Затоа фотографите се принудени да бидат постојано креативни во начините и местата на кои ќе ги прават свадбените фото сесии.
Џеј Филбрик и неговата сопруга Вики дефинитивно нашле совршено место за фотографии што ги разликуваат од сите други колеги кои се занимаваат со професионална фотографија.
Младенците, кои сакаат да бидат оригинални, сепак, сигурно треба да немаат страв од височини или барем да успеат да го надминат.
Ова се наметнува бидејќи Џеј и Вики ги фотографираат вљубените парови на карпа на повеќе од 100 метри над земјата!
Дејствието се одвива во малата држава Њу Хемпшир во САД, а безбедноста на сите луѓе е загарантирана.
Пред да стане фотограф Џеј Филбрик бил професионален планински водич, такашто дефинитивно знае како и што точно да прави сред природата.
Тој вели дека неговата желба е не само да прави убави фотосесии, но и да им даде на своите клиенти можност да доживеат нешто што ќе го паметат цел живот.
Гледајќи ги сликите на Американецот, можеме да кажеме дека сигурно успева и во двете цели!Проверете и вие, со посетување на нашата галерија.
Фото: philbrickphoto.com