Разбојник “сработи” скопски таксист, а ајдуците стан во Скопје и куќа во Гостивар

од desk3
80 прегледи

policija-2

На 03.01.2016 година околу 05.00 часот во Скопје, К.Ѓ.(39) пријави дека непознато лице побарало такси услуга од ТЦ „Капитол“ до населбата Чаир и кога стигнале на ул.„159“ истиот со закана со пиштол му одзел сума на пари од околу 3000 денари по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 02.01.2016 година во Скопје, на ул.„Ѓорѓи Поп Христов“ непознат сторител извршил тешка кражба во стан сопственост на Р.Џ.(54), при што одзел еден пиштол марка „Чешка Зброевка“ калибар 9м.м. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Околу 3000 мигранти за 24 часа

На 02.01.2016 година во Гостивар во населбата „Осма Зона“ непознат сторител извршил тешка кражба во куќа сопственост на А.З.(32), при што од метален сеф одзел сума на пари од околу 13,500 евра во разни апоени и златен накит во вредност од околу 15.400 евра. Имено сторителот искористил прилика низ незаклучената врата влегол во куќата извршил пребарување ги пронашол наведените работи и ги одзел по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 29.000 евра. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.