Група вооружени демонстранти окупираа зграда во федералниот природен резерват во Орегон, соопштува CNN.
Демонстрантите ги обвинуваат вработените дека се наметнуваат нечесни казни на земјоделците во регионот, кои одбиваат да ја продадат земја. Тие с окупираа дел од националниот резерват “Малхер” крај градот Барнс по демонстрациите во поддршка на Двајт и Стивен Хамонд, двајца фармери, осудени за подметнување пожар.

Според американските обвинители, Хамонди изгореле 130 акри земјиште во 2001 година, за да ги скријат трагите од бракониерската дејност. Двајцата, татко и син, треба да одлежат по пет години затвор. Тие тврдат дека со пожарот имале за цел да го попречуваат растот на инвазивни растенија и да го заштитат својот имот од шумски пожари.
Вајгл: Мaкедонија е можно сега да го реши спорот за името
Демонстрантите тврдат дека немаат намера да повредат никого, но се закануваат да одговорат ако против нив биде употребена сила. Според нивни зборови, тие сакаат само да можат да го користат земјиштето и ресурсите “без страв како слободни мажи и жени”.
Според претставници на локалните власти, тие се “вооружена милиција”.