Премиерот Никола Груевски не бил во ниту една официјална посета на странска држава минатата година, додека во дипломатскиот календар на претседателот Ѓорге Иванов се запишани четири официјални посети на Хрватска, Црна Гора, Албанија и Ватикан, пишуваПризма.
Поканата за официјална посета се смета за висок израз на пријателство во билатералните односи меѓу две земји која вклучува јавни церемонии, како интонирање на химните на двете држави, размена на подароци, итн., додека работната посета се смета за помалку формална. На официјална посета вообичаено присуствува и шефот на дипломатијата.
Груевски минатата година не бил во ниту една официјална посета
Двајцата луѓе на највисоките политички функции во државата, Иванов и Груевски, главно патувале во странство за да присуствуваат на бизнис и политички собири, каде што на маргините се среќавале со други државници.
Повеќе ТУКА
