(ГАЛЕРИЈА) Новиот дом на Опра Винфри одвнатре

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Очигледно Опра Винфри ја сака природата и планината, бидејќи таа си купила куќа помеѓу вековните дрвја на ски одморалиштето Телорајд во Колорадо.0b018a76d0f7e4d2483f708990db87cf

Една од најпознатите телевизиски водителки изброи 14 милиони американски долари за опремената куќа која до неодамна му припаѓаше на бизнисменот Боб Вол.

Имотот на Опра е со површина од 870 квадратни метри, а во него има сè што еден богат ски ентузијаст може да побара – пет спални, шест бањи, домашна киносала, огромен камин, сауна, сала за фитнес, џакузи-када и визба, во која се чуваат над 1.600 шишиња вино.

Во куќата се монтирани многу апарати кои се управуваат со гласовни команди. Така можат да се отвораат и затвораат прозорците, да се вклучува и исклучува греењето. Специјален систем го загрева патот што води кон гаражата, за да не се задржува во него снег.

Куќата е изградена во 2001 година.

Повеќе фотографии можете да погледнете во галеријата.

Фото: trulia.com