Знаете ли дека 25% од жените поминуваат низ тешка депресија

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Знаете ли дека … жените кои земаат контрацептивни пилули се попривлечни? Ова се должи на фактот дека за време на овулација тие стануваат посакувани, поради некои деликатни промени на хормоните во нивните тела.e38a45df9765118c7dc2baac5066f95a

Така на пример, во овој период се смета дека изгледаат повеќе возбудувачки за мажите. Денес во рубриката “Дали знаете дека ..?” Споделуваме некои интересни факти за жените.

Во речиси сите земји во светот, времетраењето на животот на жените е поголем во споредба со она на мажите.

Околу 1.600 жени умираат секој ден како резултат на компликација при бременост или раѓање.

Речиси 99% од овие смртни случаи се случуваат во земјите во развој.

Веројатноста една жена да роди девојче, наместо момче, се зголемува значително, ако идната мајка живее поблиску до екваторот. Научниците сметаат дека постојаните сончеви зраци и изобилството од свежа и здрава храна во тропските региони, можат да бидат погодни за зачнување на девојче.

Приближно 25% од жените доживуваат тешка депресија во некој момент од нивниот живот.

Првата земја во која жените имале право да гласаат е Нов Зеланд. Ова се случува во 1893 година.

Знаете ли дека во модерната ера, првата жена избрана да управува држава е во Шри Ланка. Дамата се вика Сиримаво Бандаранајке и во 1960 година е избрана за премиер на островската држава, а во 1970 година била реизбрана.

Околу 14 милиони адолесцентки забременуваат секоја година, а над 90% од овие девојки живеат во земјите во развој.

Според античката сумерска легенда универзумот е создаден од жената – божица Тиамат.

Најраниот запишан женски лекар е Мерит Птах. Таа живеела во Антички Египет, околу 2700 п.н.е.

Дали сте знаеле дека се смета дека првиот роман во светот “Сказание за Генџи”, беше објавен во Јапонија околу 1000 г.п.н.е. И негов автор е жена на име Мурасаки Шикибу.

Приближно една петтина од жените во целиот свет биле предмет на сексуално насилство пред да наполнат 15-годишна возраст.