Сексот за една ноќ е полезен

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Случајниот секс добива сè повеќе приврзаници и се практикува од двојно повеќе современи луѓе во споредба со генерацијата на нивните родители.sex

За смирување на љубителите на сексот за една ноќ резултатите од новото истражување покажуваат дека тој е корисен за здравјето, пишува  “Дејли стар”.

Истражување на специјалисти од Универзитетот “Корнел” и Њујоршкиот универзитет, направено меѓу 321 студент, покажува дека сексот за една ноќ ја подобрува самодовербата, особено кај луѓето кои се склони кон флертови без обврзување.

Повремените сексуални контакти не само што ги прават поединците посигурни, но и кај нив се забележуваат намалени нивоа на анксиозност и депресија.

Целта на авторите на оваа студија беше да се побие масовната идеја дека сексот за една ноќ ги тера луѓето да се чувствуваат нечесни.