
Нов официјален документ на владејачката врхушка во Анкара уште еднаш одзема голем број свети слободи во Турција. Врховниот совет при турското Министерство за вери издаде фатва со строги ограничувања за односите меѓу свршените парови, соопштува “Џумхуријет”.
– Верените двојки би требало да се воздржат од размена на нежност, флерт, држење за раце и каков било друг вид однесување спротивно на исламот, соопшти Дијанет, турска агенција за верски прашања.
Агенцијата, која ги дефинира границите на пристојно однесување за двојки кои се подготвуваат да ја озаконат својата врска, смета дека „верените мора да се воздржат од флерт, заеднички живот, дружење насамо што може да биде повод за озборување, држење за раце и секакво друго однесување спротивно на исламот“.
Агенцијата е формирана во 1924 година со цел да го надгледува спроведувањето на религијата во модерна секуларна Турција по укинување на исламскиот калифат и распадот на Османлиското царство.