Истражување за одржување на либидото доведе до поучни, иако не нови заклучоци.
Така на пример мажот се возбудува од изгледот, а жените доживуваат привлечност кон мажите кои најубаво ја откриваат својата љубов. Жените ги сакаат зборовите и допирите, а мажите визуелни слики. Жената се прилагодува за секс, а кај мажот либидото може да пламне неочекувано.
Жените сакаат убаво додворување, а мажите не можат да разберат што се бара од нив. Затоа е важно да се зборува и чесно да се откриваат чувствата и желбите. Тогаш ќе настане хармонијата и со либидото сè ќе биде во ред. Освен тоа, според друга студија колку почесто еден пар води сексуален живот, толку ретко ќе се откажува од него. И обратно – паровите кои имаат секс еднаш неделно или месечно, почесто се подготвени да се откажат од сексот и да го заменат со некое друго занимање или занес.
Компанија-производител на кондоми анкетираше лица: што би ја одбрале меѓу шопингот и сексот? Половина од испитаниците го преферирале “либидото” на шопингот. Истражувачите утврдиле уште дека хормоните на љубовта во човечкиот мозок се репродуцираат во текот на 18-30 месеци. За таков период човек може да се запознае, да се ожени или омажи, да роди дете. И потоа привлечноста за интимност може да исчезне. Затоа привлечноста мора да се одржува и развива, претежно со допирни точки со либидото на спротивниот пол.