Уништено 100 посто од сириското оружје!?

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Сирискиот арсенал пријавено хемиско оружје во целост е уништено после повеќе од две години работа на негово отстранување, соопшти денес организацијата за забрана на хемиско оружје која ја поддруваат Обединетите нации.

SyriaChemicalWeapons091313
„Уништено е сто посто од тоа оружје“, изјави портпаролот на ОПЦВ Малик Елахи.

Но, оваа организација со седиште во Хаг и натаму е сериозно загрижена порадо наводите за употреба на сарин и иперит, како и отровниот гас хлорин во бруталната граѓанска војна во Сирија.

Во согласност со историскиот договор кој во септември 2013 го издејствува американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров, кога Сирија конечно призна дека поседува повеќе од 1.000 тони хемиско оружје откако тоа со години го негираше, таа земја се согласи целокупните залохи да ги уништи.

Вкупно 1.300 метрички тони хемиско оружје одземено е од Сирија, а голем дел е неутрализирано на брод на мериканската морнарица и претворено е во помалку штетна течна супстанца.