СДСМ:Милионерот Груевски ќе ја покачел социјалната помош за 1 денар

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Никола Груевски кој 10 години е главниот креатор на социјално загрозени семејства, пред заминување најавува социјална помош повисока за 1 денар! Од 22 денара на ден, социјалната помош за граѓаните би изнесувала 23 денари на ден.

gruevski_07022-480x360

За 23 денари не може да се купи ни еден килограм леб!За идно покачување на социјалната помош од 1 денар зборува истиот тој Груевски кој во реалноста со соработниот Диме Спасов остави илјадници семејства и без тие 22 денара.Груевски дури и им блокираше сметки на граѓаните кои примаат социјална помош, за неплатена радиодифузна такса.

Над 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштија, во трошни куќи, со тавани што им се рушат на глава на нивните боси и гладни деца, додека Груевски се вози во мерцедес од 600.000 евра, со наочари од 60.000 евра и е распослан на милионски парцели на Водно.

Груевски и неговата расипничка власт им одзедоа 10 години живот на граѓаните.
Граѓаните имаат идеја за Груевски.
Збогум Никола!, се вели во соопштението на СДСМ до Јавноста.