Твитер размислува за отстранување на ограничувањето од 140 карактери за комуникации во својата мрежа

од desk3
94 прегледи

 
Твитер (Twitter) размислува да го укине ограничувањето од 140 карактери за пораките кои придаваат карактеристичен изглед на социјалната мрежа во речиси 10-годишното нејзино постоење, пренесоа агенциите и АФП.

Коосновачот и извршен директор на Твитер, Џек Дорси ги посочи придобивките од подолгите пораки, повеќе познати како твитови.

tviter

Ограничувањето од 140 карактери е воведена со првата верзија на Твитер, базирана на услугата за кратки текстуални пораки Ес Ем-Ес (SMS).

Дорси го одреди лимитот од 140 карактери како “убаво ограничување”, која ја охрабрува концизноста, ја инспирира креативноста и го засилува “чувството на брзина”.

Според него, сепак менаџерите на Твитер забележале дека корисниците сакаат да пуштаат подолги пораки. Многумина ги заобиколуваат ограничувањата во симболите и ставаат screenshot-со текст.

Според Дорси една од предностите на долгите твитови ќе биде дека при пораките поставени како текст, а не како скриншот, ќе може да се користи функцијата за пребарување.

Генетичарите алармираат: Мажите се осудени на изумирање

Претходно. “Волстрит џурнал” информира дека промената ќе биде значителна – до 10 000 карактери, цитирајќи извор запознаен со предметот. Овој нов праг беше воведен од јули за комуникации тип “корисник до корисник”.

Ако бројот на симболите биде зголемен, на екранот ќе се гледаат само 140 карактери, а за да се прочита останатото, ќе треба да се кликне.

Крајната цел на Дорси е да направи Твитер попривлечен за почетници и да се зголеми бројот на корисниците.