Информациите на Северна Кореја дека тестирала хидрогенска бомба, која ќе претставува голем напредок во нејзините способности, може да доведат до нови напори на земјите во регионот да ја развијат нивната противракетна одбрана и покрај протестите на Кина, јави “Ројтерс”.
Аналитичарите и воени аташеа сметаат дека Пекинг ќе ги следи внимателно дали САД и Јапонија ќе ја подобруваат својата балистичка ракетна одбрана и дали Вашингтон ќе ги зајакне своите напори да ја натера Јужна Кореја да прифати американски напреден систем за ракети на надморска височина (THAAD) – нешто што Сеул до моментов одбива да го направи.
Постојат значителни сомнежи во вистинитоста на тврдењето на Пјонгјанг за успешниот тест, но тоа покажува напредок во развојот на нуклеарниот потенцијал на земјата.
Во април минатата година високи воени претставници на САД предупредија дека Северна Кореја може да располага со технологијата со која ќе произведе миниатомска боева глава, која ќе може да биде поставена на балистичка ракета, способна да достигне до Јужна Кореја, Јапонија и можеби САД.
Градоначалникот на Келн предложи “кодекс на однесување на жените” за да не провоцирале- Германците гневни
Сите обиди за стимулирање на противракетната одбрана може да го запалат растечкото воено ривалство меѓу Кина и Вашингтон и неговите сојузници.
Ова ривалство се разигрува највидливо во водите на Јужното Кинеско Море, на виталниот трговски пат. САД ја обвинуваат Кина дека сака да го милитаризира регионот, но Пекинг ги негира ваквите дејства.
“Кина ќе биде многу чувствителна на сите обиди од страна на Јапонија или Јужна Кореја да ја подобрат противракетната одбрана”, рече Жан Баохуј, експерт за нуклеарна безбедност во универзитетот Лингнан во Хонг Конг.
“Северна Кореја може да биде рационална причина, но кинеските стратези ќе го гледаат како потег против Кина.”
Според Жан барем јавно Кина нема да реагира многу остро на новата нуклеарна проба, бидејќи сака да ги нормализира односите со Северна Кореја.
Јужна Кореја и THAAD
Кинеските стравувања се базираат особено врз новиот систем против балистички проектили (THAAD), која САД сакаат Јужна Кореја да го интегрира во сопствената постара противракетна одбрана.
Системот на САД вклучува батериски ракети кои можат да ги соборат најновите балистички ракети на Северна Кореја, кои иако сеуште да не поминале тестови, би можеле да го достигнат западното крајбрежје на САД.
Признавајќи ги стравувањата на својот најголем трговски партнер на Кина, Јужна Кореја досега ја задржа својата противракетна одбрана независна од вооружените сили на САД и дури не спроведува официјални преговори за ова прашање.
Системот има радари, кои можат да следат неколку балистички ракети до 2.000 километри, што практично е доста навнатре во Кина и значително ќе се намали способноста на земјата.
Јапонија исто така размислува за THAAD систем, како и базирана на копното верзија на модерниот систем Aegis која се користи на бродовите заедно со флота на САД. Овој потег е повеќе поради заканата од Кина, отколку од Северна Кореја, коментираат извори на “Ројтерс”.
Јапонија дополнително планира да ја зајакне својата одбранбена способност со нови ракети пресретнувачи, развиени во соработка со САД.
Џефри Луис, директор на програмата за неширење на нуклеарно оружје во Источна Азија на универзитетот во Монтереј, смета дека Северна Кореја всушност има две верзии на балистичка ракета која може да достигне до САД, но додава дека тие никогаш не биле подложени на испитувања .
