Каде изневеруваат најголемите прељубници?

од Vladimir Zorba
116 прегледи

images (24)

Мажите се навеќе склони на прељуба на туѓи венчавки. Овој заклучок бил донесен по спроведување на истражување од страна на  сајтот licitEncounters.com. Истражувачите разговарале со 2000 испитаници, а според впечатоците, мажите, односно дури 32% од нив признале дека ќе направат неверство на туѓа свадба и тоа без присуство на својата партнерка.

Анкетата покажала  и дека 27% од мажите ќе бидат неверни на својата ергенска вечер, 21% на божиќна прослава и 9% на годишнина од матура.

images (23)

Интересно е што сите горенапоменати факти не се непозанти за жаните, односно 37% од жените биле уверени дека партнерите најчесто ги изневеруваат на божиќните прослави, додека 35% од испитаниците мислеле дека партнерот ќе ги изневери на ергенската вечер.

За 17% од жените проблематично е собирањето за годишнина од матура, а само 11% од жените заклучиле дека најголеми шанси партнерот да ги изневери се на туѓа свадба.