За две недели „Ап Стор“ продаде апликации за 1,1 милијарда долари

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Корисниците на уреди на американската компанија “Епл” (“Apple”) поставија рекорд во шопинг на онлајн апликации од продавницата “App Store” и само за две недели генерираат приходи за компанијата во износ од 1,1 милијарда долари.4580893

“Во текот на две недели до 3 јануари потрошувачите потрошиле повеќе од 1,1 милијарда долари за апликации, поставувајќи рекорд во обемот на сообраќај и обемот на купувања.

1 јануари 2016 година стана рекорден ден за онлајн продавницата на компанијата, во кој купувачите потрошија цели 144 милиони долари само за еден ден. Компанијата истакнува дека од 2008 година “App Store” обезбедил приходи во износ од 40 милијарди долари, а повеќе од една третина од оваа сума е само во последната година.

Најпопуларната категорија апликации во “App Store” за сите производи на Apple се игри, социјални мрежи и забава.