Репортери без граници: ЕК да заземе цврст став кон Полска

од desk3
94 прегледи

Репортери без граници (РСФ) ја повикаа Европската комисија да заземе цврст став кон Полска доколку не се откаже од неодамна усвоениот закон за медиуми.

reporreri-bez-granici-860x680

„Апелираме на ЕУ да биде строга. Почитувањето на слободата и плурализмот на медиумите се меѓу барањата за пристапување во Унијата. ЕУ не може да бара од државите кандидати она што не го бара од своите членки. Во прашање е нејзиниот кредибилитет“, се наведува во соопштението на РСФ.

Лажен курсист живеел со месеци во американска воена база

Доколку полската Влада, која ја предводи конзервативната и националистичка партија Право и правда, одбие да попушти, Комисијата може да покрене процедура предвидена за „закана за основните европски вредности“, додава групата во соопштение со потсетување дека тој механизам, кој не е користен од воспоставувањето во 2014 година, може да доведе и до тоа на Полска да и се одземе правото на глас во Европскиот совет.

 

META