Џабе санкции, џабе сиромаштија- ништо не помага за С. Кореја да прекине со нуклеарната програма…

од desk3
116 прегледи

Четвртиот нуклеарен тест на Северна Кореја поставува еден значително предизвик пред меѓународната заедница. Иако таа ја пречека пораката на Пјонгјанг за извршениот тест со бурни критики, на неа ќе и ‘биде многу тешко, според аналитичарите, да реагира на еден ефикасен и координиран начин.

655-402-severna-koreia

Осудата на Северна Кореја за успешниот нуклеарен тест со водородна бомба, беше брза и сеопфатна. Трансформирањето на тоа незадоволство во конкретни мерки, поддржани од сите во светот, сепак ќе биде сосема друга работа.

Советот за безбедност на ОН предвидува да ги заостри палетата од санкции, наметнати на Пјонгјанг по претходните негови нуклеарни проби во 2006 година, 2009 година и 2013 година, воведувајќи “сериозни дополнителни мерки”. Изгледа сепак нема никаков консензус за нивната точна содржина. Искуството од вчера докажа во сите случаи не постои ефикасност на веќе постоечките санкции. Срцевината на проблемот е да се разбере дали треба да се зајакнат санкциите, да се води дијалог со Пјонгјанг или да се прибегне и до двете нешта.

Вашингтон и неговиот јужнокорејски сојузник се придржуваат кон линијата, дека не треба да се наградува лошото однесување. Пјонгјанг треба да направи опиплив чекор кон нуклеарното разоружување, пред да се пристапи кон почетокот на вистински преговори. Тој предуслов се смета од многумина како целосно нереален.

Washington Post: Американските полицајци во 2015 година застрелале 986 лица

Неефикасни санкции

“Санкциите сами по себе едноставно не работат”, вели Џо Чиринчоне, експерт за прашањата на неширење на нуклеарното оружје кон фондација Плаушерс. Треба да има можност за дијалог, дури тој да е тежок за голтање, смета тој и наведува дека сегашната американска стратегија е еднаква на тоа да гаиш надеж дека ако ја игнорирате Северна Кореја, тогаш проблемот ќе исчезне. Северна Кореја сепак е како ликот на Глен Клоуз од филмот “Фатално привлекување”. Неа едноставно не можеме да ја игнорираме, наведува Чиринчоне.

Специјалистите имаат сериозни сомнежи дали на тестот вчера била употребена, според Пјонгјанг, напредна хидрогенска бомба. Енергијата од тестот не е доволно голема, велат тие.

Експертите се со поголема веројатност да ја поддржат хипотезата дека станува збор за напреден нуклеарно уред (вид на атомска бомба, која користи некое количество деутериум или тритиум за засилување на ефикасноста и следствено на моќноста на бомбата ), што е помоќен од обичната атомска бомба на принципот на фисија. Водород или термонуклеарна бомба од своја страна се активира во две фази, користејќи прво нуклеарна фисија, а потоа – нуклеарно спојување во една верижна реакција.

Нема сепак разлика каква била бомбата, пораката е едно и иста – каква цена да наметнува меѓународната заедница на Северна Кореја, последната е решена да оди напред по патот на нуклеарното вооружување.

“Развојот на обични Термонуклеарни уреди е веројатно само прашање на време и на мал број на дополнителни тестови”, смета Дејвид Олбрајт, претседател на Институтот за науки и за меѓународна безбедност во Вашингтон.

“Приоритет е да најдеме начин истовремено да го зголемиме притисокот врз Северна Кореја, за да може таа да ги ограничи своите нуклеарни способности, и да воспоставиме дипломатски контакт”, посочува тој.Возможно е да се зголеми притисокот, преку наметнување на оној тип санкции, кој придонесе за враќање на Иран на масата на преговорите за нуклеарната програма.

“Неактивноста е поризично од акцијата”

Но, дури и овие санкции да се ефикасни, тие ќе влијаат на кинеските компании и финансиски институции кои се бават лавовски со надворешната трговија на Северна Кореја. Кина најверојатно ќе реагира доста воздржано на овој тип мерки и Вашингтон не треба да брза да го притиска Пекинг во момент кога билатералните односи се деликатни.

САД згора на тоа ќе имаат доста работа и за да успеат да постигнат внатрешен консензус по прашањето за Северна Кореја, кој е деликатна тема од претседателската предизборна кампања, која сега е во од.Републиканците во САД ја претставија оваа четврта нуклеарна проба како сериски неуспех на надворешната политика на Барак Обама. Ќе треба кандидатите за Белата куќа да се доста храбри за да ја бранат тезата за дијалог со Пјонгјанг како средство за постигнување на напредок.

Малку е веројатно Кина да поддржи каква било мерка која може да го дестабилизира во длабочина режимот на Ким Јонг-ун.

Пекинг не сака на границата една обединета Кореја, која ќе биде поддржана од Вашингтон.

“Колку и тврд јазик да користи Кина, за да ја критикува Северна Кореја, Пекинг нема да се приклучи кон санкциите кои би имале всушност влијание врз режимот”, вели Чен Јон-у, поранешен јужнокорејски советник за национална безбедност. “И Северна Кореја го знае тоа”, додава тој.

Ако Кина во реалноста не сака да го казни Пјонгјанг и Вашингтон се така одбива да започне дијалог, изгледа тешко да се замисли една нова политика кон последниот севернокорејски предизвик. Според Чиринчоне сепак шокот предизвикан од пораката на Пјонгјанг за водородна бомба, било да е тоа блеф или не, можеби е можно да ги убеди Пекинг и Вашингтон да ја променат линијата на однесување.

“Тоа е ризично, бидејќи нема никаква гаранција дека преговорите со Северна Кореја ќе постигнат напредок. Но и ништо друго не го постигна посакуваниот резултат. А неактивноста изгледа е поризична од акцијата “, посочува тој.