Некои претседателски избори потсетуваат на паради, додека стрвните гласачи доаѓаат во јата кај кандидатите кои им нудат надеж. Други пак повеќе личат на битка во ровови, кога две партии се фокусирани на трката на нивните војници и сите сакаат да се „шлепаат“ за го искористат превозот до победата. Трката во 2016 ќе биде баш таква „шлеперска“.
Америка е во поделено партиско расположение, и се повеќе гледачи ги следат сите понудени теми: од даноци до политиката кон Блискиот исток – преку постојано конзервативни или либерални очила. Растечката разлика им укажува на анкетарите дека политичките противници не само што се погрешни, туку и се закануваат на добробитта на земјата.
Во 2016, обидите да се сменат верувањата во самите партии ќе биде за најсилните. Умните канодоати ќе ги освојат срцата на луѓето, за да се свртат кон нивната страна. Ќе се потрошат рекордни суми пари. По олабавените закони за финаисирање на политички кампањи, вкупните трошења по кандидиат, партија и надворешни групи се очекува да надмине пет милијарди долари, што е повеќе од двојно од сумата која беше потрошена на претседателските избори во 2012 година.
Лидерите на Демократската партија знаат дека нема да го повтоат успехот од 2012, кога Барак Обама всушност направи пресврт кај некои групи, посебно кај црните гласачи, и го подигна нивото во споредба со она од 2008 година. Тој „Обама отскок“ беше исклучително невообичаен за претседател кој оди на втор мандат. Во 2016, излезноста кај црните ќе опадне. Младите црни гласачи нема баш многу да се возбудат од Хилари Клинтон (која ќе биде кандидат на партијата освен ако нејзината канидиатура не имплодира од некои причини), личност со илна контрола која ќе наполни 69 години еден ден пред изборниот ден. Поранешниот државен секретар и Прва дама ќе се стреми да ги замени изгубените гласачи на Обама со електризирање на нејзините најлојални поддржувачи, меѓу кои се не-белите жени и жени со факултетска диплома.
Републикаснките лидери знаат дека не смеат да ја пофторат катастрофата од 2012, кога нивната партија го номинираше чудниот технократ Мит Ромни, кој беше присилен да прифати крајнодесни ставови на прашања како што е емиграцијата за време на долгата и скапа изборна трка. Па така внатрепартиската изборна сезона 2016 ќе биде кратка и остра, ако новите правила од партиските поглавици функционираат како што се планирани. Во февруари ќе има три натпревари, во Ајова, Њу Хемпшаер, Јужна Каролина и Невада – релативно мали држави кои наградуваат кандидати кои се спосбни да работата во (овална) соба. Полето ќе се стесни по 1 март, или „супер вторникот“ кога околу 10-тина држави, повеќето силнио врзани со Библијата, југот кој обожува оружја, ќе одржат натпревари. Партиските поглавици се надеваат дека кандидиатот ќе нбиде определен најрано во април.
Тврдите десни активисти кои доминираат со изборото на републикански кандидиат нема толку лесно да се припитомат. Базата на конзервативци и високата класа кај републиканците не се согласуваат, и тоа длабоко, во врска со тоа како загуби Ромни. Активистите велат дека тој бил умерен елитист без допирна точка со реалноста кој бил победен затоа што милиони згрозени конзервативци останале дома. Базата се спротивставува дека Ромни, поранешен гувернер на Масачусетс и шеф на прватен инвестициски фонд, загубил затоа лошо се справил со брзорастечките блокови кои тежнеат кон демократите, од немажените жени до хиспаносите и азијатите.
Бројките одат во прилог на базата. Во 2012, Ромни освои поголем удел кај белите гласачи во споредба со успехот на Реган во 1980, годината на неговата прва претседателска победа. Ако тој ја трчаше истата трка во тогашната реганова Америка, земја во која девет од десет гласачи беа бели, ќе победеше масивно. Но соочен со демографијата во 2012, тој гадно настрада. Во 2016 електоратот ќе биде сеуште силно поделен, а 30 проценти од галсовите ќе ги дадат не-белите гласачи. Не на радост на републиканците, базенот на активисти кои го избираат својот претседателски кандидиат не ја рефлекира разлиичноста на општиот електорат. Повозрасните, повеќе бели и поконзервативни отколку просечниот американец, што се вкупно околу 20 милиони републиканци, ќе излезат пред изборните кутиин да го одберат номинираниот. Затоа што тие силно ги мразат демократите, на крајот ќе изберат кандидат прифатлив за големите донатори и партиските мешетари на моќта – некој како сенаторото Марко Рубио од Флорида. Но процесот ќе донесе жестоки битки, терајќи ги кандидатите да земат тврди линии за се, од абортусот до преку оружјето до емиграцијата.
Двете раскрзани, имрцварени партии ќе се влечкаат до целната линија. Тешко дека демократите ќе бидат во подобра форма отколку републиканците. Тешко е да се задржи Белата куќа по два мандати, дури и кога гласачите се опуштено расположени. Но во 2016 тие ќе бидат скиселени. Клинтон, политички стратег со долгогодишно искуство во врвот, е повеќе инпресивна отколку привлечна.Некои демогарсфки пресврти ќе се покажат како поналлу одлучувачки отколку што очекуваат многу демократи. Излезноста кај латиносите ќе разочара, а латино гласачите ќе се поажат како одлучувачки само во една или две држави. Конечните резултати можеби ќе зависат од фактори кои се надвор од контролата на било кој кандидат. Ако глобалните сили го изместат опоравувањето на Америка во 2016, демократите ќе загубат. Ако економијата продолжи да се влечка, Клинтон може да смета на тесна победа. Таа сепак ќе се соочи со Конгрес во кој доминираат нејзините непријатели: Домот на претставниците ќе одтане во рацете на републиканците во 2016, а најверојатно и Сенатот. А токму тогаш штотуку ќе почнат и маките на претседателот Клинтон.
Економист – Лондон