Филип Петров најстар жител на општина Гевгелија

од desk3
88 прегледи

Најстариот жител на општина Гевгелија живее во потпланинското село Петрово, во близина на Миравци.

дедо

Дедо Филип Петров денес наполни сто години, добро се чувствува и кога ќе биде топло времето излегува во дворот да чека гости на кои многу им се радува. А денеска негови гости беа претставници од општина Гевгелија и од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи кои со торта и многу други подароци дојдоа на дедо Фиљо да му го честитаат роденденот и да му посакаат да поживее уште долго.

Во селото Петрово по традиција живеат најстарите жители на општина Гевгелија според кои долговечноста се должи на чистиот планински воздух и здравата храна. На тоа дедо Фиљо додава уште многу работа, ракија во мали количини, цигари никако, а исто така и за нервозата не треба да има место во вашиот живот ако сакате да „доживеете стотка“.

Американска ракета завршила во Куба наместо САД, поучена од Европа

Целиот живот го поминал во Петрово каде се занимавал со многу занаети, но она што е најинтересно за дедо Фиљо кој има завршено само четврто одделение е дека во далечната 1947 година со помош на динамо машина што ја зел од еден германски авион кој паднал во близина на селото, направил сопствена мини хидроцентрала на блиската Петрушка река од која добивал струја за неговата и уште две куќи од селото.