Единствениот новинар кој некогаш имал пристап до Исламска држава, Германецот Јирген Тоденхофер(75) открива дека ИСИС има цел да го покори цел свет, но единствено страв во коски им влева Израел. Неговите сведоштва ги напишал во книга која тукушто ја објави. Во едно интервју за германски весник тврди дека Израел не е вклучен во планот на освојување на Блискиот Исток.

Тој тврди дека Исламска држава се плаши единствено од Израел бидејќи има посилна војска. Според него, Ал Каеда е “кикирики” во споредба со ИСИС, а американската и британската војска лесно може да бидат совладани, бидејќи немаат искуство во т.н.герилски терористички стратегии.

Израел не е дел од сојузот на чело со САД чија цел е уништување на ИД на Блискиот Исток, но се многу јаки поради силните разузнавачки врски. Израел инаку се смета во една од 11-те најмоќни армии во светот. Воениот буџет на Израел изнесува 15 милијарди долари. Израел ја има и една од најмоќните разузнавачки служби чии што агенти биле вклучени во најкомплицираните тајни операции низ светот.
Инаку Тоденхофер претходно предупредуваше дека Западот треба да ја запре испораката на оружје, муниција и пари од заливските монархии и да ја затвори турската граница која џихадистите ја користат како транзит. Тој помина десет дена со џихадистите и со свои очи виде како функционира таа организација, а во една прилика прати предупредување дека ИД е многу помоќна отколку што се реалните очекувања на Западот.