Момчињата кои на 17 години имаат секс се “популарни”, а женските врснички се “лесни”

од Vladimir Zorba
101 прегледи

sex-book-sex-workout-14102011

Според една студија “Prosper” биле опфатени две групи на испитаници од речиси 30 рурални заедници во Ајова и Пенсилванија, од шесто до деветто одделение, односно, на возраст од 11 до 16 години.

За време на интервјуто, од оние ученици кои се изјасниле дека веќе имале сексуално искуство, 45% од девојчињата се пожалиле дека тоа влијаело негативно врз нивната социјална прифатеност.

Но,  кај момчињата со сексуално искуство било забележано дури 90% зголемување на популарноста меѓу соучениците и социјалната прифатеност.

Кога девојките при доверувањето го користеле изразот “водев љубов”, а не “имав секс”, нивната социјална прифатливост била зголемна за само 25%, додека истото го изјавиле момчињата, доживувале намалување на социјалното прифаќање за 30%.

Учениците биле интервјуирани за нивните најдобри пријатели во текот на есента и пролетта од шестото, седмото, осмото и деветтото одделение.