Слободоумни патриоти го повикува раководството на ВМРО ДПМНЕ, јавно да се дистанцира и да се огради од вчерашните активносити во Атина на нивниот коалиционен партнер ДУИ.

Форумот на слободоумни патриоти смета дека раководството на ВМРО ДПМНЕ треба да му укаже на својот коалицонен партнер дека нема мандат да преговара за името на нашата татковина, бидејќи истите тие во 2001 година со кукавички акции ги напаѓаа Македонските безбедносни сили и директно го урива Уставниот поредок на Република Македонија.
Доколку раководството на ВМРО ДПМНЕ јавно не се огради од нивниот коалиционен партнер, тогаш оваа нивна активност може да се свати како уште една добро договорена и режирана акција помеѓу нив, а се со цел замајување на јавноста и отргнување од актуелната политичка криза и вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните.