“Вирџин галаксијата” ќе претстави втор прототип на брод за вселенски туризам.
На официјалната церемонија ќе присуствува и познатиот физичар Стивен Хоукинг. Милијардерот Ричард Брансон ќе укине капакот на вториот модел на “SpaceShipTwo”, произведен од специјализираната дивизија на корпорацијата “Вирџин”, на 19-ти февруари.
Церемонијата ќе се одржи во космичкиот и воздушен центар во Мохаве, Калифорнија, соопштува американскиот канал ЕнБиСи. Хоукинг ќе добие бесплатно космичко патување со “Вирџин галаксија”, што инаку чини милиони долари.
Компанијата на Бренсон продолжува со обидите да ги комерцијализира вселенските патувања, иако претходниот модел на “SpaceShip Two” се урна во 2014 година и еден од пилотите загина.