Германски политичар и лидер на Нацистичката партија Адилф Хитлер ја лажирал својата смрт пред да побегне на Тенерифе, од каде заминал за Аргентина, тврди поранешен агент на ЦИА Боб Баер.

Баер, кој има 21 година искуство во контраразузнавање и шпиунажа, тврди дека новообјавените податоци на ФБИ ја доведуваат до прашање официјалната верзија дека Хитлер извршил самоубиство во берлинскиот бункер.
Тие податоци укажуваат на тоа дека и истражителите во тоа време се сомневале дека Хитлер си пукал во глава.
Според документарецот “Hunting Hitler” немало сведоци за време на самоубиството, ниту некој го видел неговото тело во бункерот.
Тим од експерти сметаат дека е можно Хитлер да ја лажирал својата смрт и побегнал со лет од берлинскиот аеродром, на денот кога е последен пат виден во јавноста.
Се верува дека во еден од авионите, кој полетал во текот на масовниот нацистички егзодус, бил и багажот на Хитлер.
„Она што Владата ни зборува е лага. Доколку погледнете податоци на ФБИ, тие отвораат нова истрага. Она што ние го работиме е преиспитување на историјата. Историја која ние сме мислеле дека утврдиле оти Хитлер умрел во бункер. Но, што копаме подлабоко, се е појасно дека немаме докази за тоа.“, вели Баер.