Во Келн, каде што стотици илјади гневни Германци се собраа на митингот на “Пегида” против бегалците, станува затегнато. Полицијата и десничарските приврзаници на движењето стигнаа до борба. Униформирани користат солзавец и водени топови против жестоките демонстранти за да ги растера. Тоа пренесоа пред минути AFP и BBC.
Митингот беше свикан не како политички настан, туку како протест против неактивноста на политичарите против бранот сексуални напади над невини Германки од страна на бегалци во новогодишната ноќ.
Извикувајќи “протерување”, поддржувачи на ксенофобичното движење “Пегида” вееја знамиња и плакати со пароли како “Rapefugees not welcome” (силувачки бегалци не се пожелни ).
(ВИДЕО) Дојде ли времето за наплата: 1700 полицајци ги чуваат анти-исламките демонстрациите на “Пегида” во Келн
Демонстрантите се зајдоа сериозно и со канцеларката Ангела Меркел, обвинувајќи ја дека одобрила бегалците да блудтсвуваат во Германија преку својата либерална позиција за оние кои бегаат од воените конфликти.
“Меркел стана закана за нашата земја. Меркел мора да си оди “, рече член на” Пегида “кон толпата која го повтори повикот.
