Мaли бара со петиција “руска интервенција” за спас од тероризмот, “француската интервенција” немала ефект

од desk3
76 прегледи

Жителите на Западно Африканската држава Мали сметаат дека Русија треба да ги спаси од проблемот со екстремизмот во земјата. “Русија е должна да ја спаси Мали”, сметаат жителите на седмата по големина земја во Африка пишува уште во петицијата која тие ќе испратат до Кремљ, соопшти руската телевизија RT.Тие не се задоволни од активностите на француските сили во земјата , кои ја штитат од развојот на тероризмот таму.

20160109.bxoulaxura

Неодамна жителите на јужниот дел на Мали напишаа петиција и сега специјално формирана комисија треба да собере 8 милиони потписи за да упатат официјално барање до рускиот претседател Владимир Путин да се вмеша во кризата во нивната земја.

Иако во западноафриканската држава се присутни мировната мисија на ОН ,француските антитерористички сили и е на сила Алжирскиот мировен договор меѓу владата и туарегите, ситуацијата останува сложена.

Засега медиумите во Москва не испуштаат сериозно значење на повикот кој жителите на Мали сакаат да го упатат кон Кремљ за стабилизирање на ситуацијата во западно африканската држава.

Русија го пишува сценариото на средбата за Сирија во Женева, а на дипломатијата на САД и остануваат бруталната сила, уцените и парите

Кремљ не излезе со реакција на барањето.

Случува во Мали сепак се поврзува во рускиот информациски простор со активностите на САД и Франција во Либија пред пет години, а се споменува дека по соборувањето на либискиот диктатор Гадафи оттаму влегле бегалци од племињата на туарегите во северниот дел на земјата и го прогласија основањето на своја држава под името Азавад.

На 20 ноември минатата година вооружени џихадисти го нападнаа хотел “Радисон” во Бамако, главниот град на Мали, и зедоа 170 заложници.

Неколку луѓе беа убиени. Специјалците упаднаа во зградата.