“Слободни медиуми-слободна Полска”- граѓаните протестираа против одлуката на Владата да ги партизира медиумите

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Десетици илјади граѓани го кренаа гласот против власта во Полска, откако Владата ги понуди измените во законот за медиуми, кои предвидуваат поголема контрола на јавните медиуми. Протестот се одржа во неколку градови, а на најголемиот протест во Варшава се собраа над 20 000 луѓе.  Со антивладини транспаренти граѓанте потсетија дека се засегнати за медиумите.

-Денес сакаат да ги контролираат јавните медиуми, потоа ќе сакаат приватните, па потоа државата“, рече 45-годишната Ева Станиславска.

Контроверзниот закон за јавните медиуми  беше потпишан во четвртокот од страна на претседателот Анджеј Дуда и покрај предупредувањата од ЕУ. Законот предвидува јавната телевизија и радиото  да бидат под контрола на Владата .