Кабинетот на Иванов демантира- немало педофили помеѓу помилуваните

од Vladimir Zorba
75 прегледи

иванов

Од Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов, остро реагираа на објавeните информации на Телма  дека на листата на помилувани затвореници годинава се нашле и убијци, силувачи и педофили

„Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најодговорно тврди дека во листата на помилувани нема помилувани за дела за педофилија. Впрочем, за тоа не постои законска можност. Таквите тврдења единствено се граничат со разумното.” – стои во реакцијата од Кабинетот.

Од Кабинетот велат дека прилогот бил тенденциозен, бидејќи информациите се темелеле на комуникација преку Фејсбук, а не од релевантна институција