(ВИДЕО) Ранко Бубамара: Контра вицовите се неуспешна мисија

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Некој што сака да направи нешто од контра или за инает, тоа не може да го постигне во уметноста. Ако некој сака да направи виц, а да е контра виц, тоа е неуспешна мисија, вели Ранко Петровиќ, автор и режисер на Златна бубамара во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Mоже ли да направите ретроспектива во однос на хуморот и општеството преку растот и развојот на Бубамара, ако може да се каже од новороденче до адолесценција? Ова годинава ќе биде 19 издание на Златна бубамара.

Сметам дека за овие 19 години оставиме некаков историски документ на сатиричен забавен начин како се развивало нашето општество, а со тоа и нашата манифестација. Колку повеќе беше урнебесно и сатирично општественото живеење кај политичките личности, толку ние таа општествена трагедија ја опишувавме на нашата Златна бубамара, така што сметам дека еве веќе како 19 години сме доволно зрели за да можеме да тргнеме во војска, што се вели.