Основите на полската демократија се урнати, Качински сонува да ја доврши антикомунистичката револуција од 1989 год.

од desk3
60 прегледи

Полска – водечката сила во посткомунистичка Централна Европа – е под закана да биде сведена до нелиберална демократија преку активностите на избраната неодамна владејачка партија. Главните столбови на нејзината сеуште либерална демократија како уставен суд, јавни електронски медиуми и професионални државни служби беа одеднаш загрозени. Сите сојузнички демократски земји во Европа и преку Атлантикот треба да подигнат глас, за да ја изразат својата загриженост во врска со овој пресврт со тешки последици за целиот демократски Запад.

7e5d19b9dc84de1383842d3eec547c28

И тоа треба да се случи наскоро. Политичкиот “блицкриг” од последните два месеци е знак дека стратегијата на партијата “Право и правда” (ПИС), а особено на нејзиниот лидер Јарослав Качински е да заврши набрзина, па дури и отворено, валканата работа за трансформирање на политичкиот систем, по што ќе покаже добро, повеќе меко и прагматично лице. Тој располага со парламентарното мнозинство да го стори тоа (иако не се потребни две третини за промена на уставот), се уште има релативна јавна поддршка и – потресно! – Претседателот на земјата се однесува како негова марионета.

Барем од 20 години Качински сонува да ја доврши антикомунистичката револуција од 1989 година, но тој го осознава истото, потсетувајќи се на владејачкото искуство од 2005 до 2007 година, и дека прозорецот за можности нема да биде отворен долго. Значи слично на Макбет тој вели: “Ако ова треба да биде направено … е подобро да се направи брзо”.

Во Ријад се одвива тивка нафтена револуција- материјалниот комфор на Саудијците во замена на ограничени политички слободи

И бидејќи напишаното од мене тука може да изгледа како партиска, неправедна критика во очите на многумина од гласачите за партијата на Качински на изборите минатата есен, истовремено јасно констатирам што не велам. Јас не ја критикувам партијата со јавно парламентарно мнозинство дека ја спроведува својата декларирана конзервативна, католичка и евроскептична политика во која вешто е вплетен левоцентристички сет на економски и социјални ветувања. Мене може да не им се допаѓаат овие политички пораки, но ова е демократијата. веќе речиси 40 години сум пријател на Полска, но не само на еден нејзин дел, да не зборуваме за некоја политичка партија. Меѓу највозбудливите мои спомени е огромното мноштво пред историскиот манастир,кои го дочека папата Јован Павле Втори во 1983 година, и ја пеат старата патриотски химна “Слободна татковина врати ни, Господи”.

ПиС го претставува целиот конзервативен, религиозен дел од полското општество и една третина од полскиот електорат. Партијата во потполност привлече и други гласови, искористувајќи го разочарувачкиот однос кон центристичката “Граѓанска платформа” и жалниот хаос во полската левица. Па таа освои убедлива победа во фер и слободни избори, слично на Дејвид Камерон во Велика Британија. Значи не политиката, политичарите или дури идеологијата ги бараат сите пријатели на Полска да бијат тревога, туку тимот на победниците се обидува еднострано да ги промени правилата на целата демократска игра.

Споредбата со ториевците, владејачки во Велика Британија, е интересао, бидејќи политичари од ПиС претендираат да донесеат нешто како парламентарен суверенитет во британски стил. Пред извесно време еден британски политичар конзервативец го опиша британскиот политичка систем како “изборна диктатура” поради ексклузивната концентрација на моќ во рацете на премиерот и дисциплинираното парламентарно мнозинство. Но, иако Велика Британија нема пишан устав, како САД и Германија, во неа има моќни сопирачки и рамнотежи: беспрекорно неутрален монарх; категорично независни судови, кои не се колебаат да осудуваат министри; БиБиСи; професионални државни служби, служби за безбедност, кои (во наши денови, колку што знам) не прифаќаат наредби од еден политичар на штета на друг; како и стабилна култура на политичка дебата. . . Треба ли да продолжам?
Во Полска, напротив, претседателот Анджеј Дуда ја спроведува стратегијата на својот политички господар. Дуда е доктор по право, но самиот ментор на докторската дисертација му кажува дека тој веќе три пати го прекршил уставот – едно решение на Сејмот и судиските назначувања на пракса го обезглавуваат Уставниот суд; еден нов медиумски закон ги стави јавните електронски медиуми директно по владата; на раководни позиции во државните служби се случуваат политички назначувања.

Добра вест е тоа што полското општество веќе се мобилизира за поддршка на либералната демократија. Во минатиот ноември истражување на јавното мислење покажа дека 55 отсто од луѓето велат дека демократијата во Полска е под закана. ЕУ исто така реагираше остро отколку на слични (и посериозни) промени во Унгарија на Виктор Орбан. Многузначен е фактот дека Качински и Орбан имаа петчасова приватна средба, на која ги координира позициите.
Медиумите во Германија обрнаа посебно внимание на опасниот пресврт во Полска. А еврокомесарот задолжен за медиумите, случајно е Германец, каков што е и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шмит, кои се одликуваат со отворен реторика.
Ако ја оставиме сепак оваа работа на Брисел и Германија, за луѓето околу Качински ќе биде премногу лесно да изјават дека Брисел и наредува на Полска, како што претходни и правела Москва. И да заигра со уште тлеечките антигермански чувства. Значи треба и традиционалните пријатели на Полска да зборуваат: историскиот нејзин сојузник Франција, на пример (Полска е единствената земја за која знам дека има во националниот химна позитивна референца кон Наполеон); Шпанија, друга голема католичка земја која извршила транзиција од диктатура кон демократија. Италија; Канада. И најмногу треба да се слушне гласот на САД, особено сега, додека Полска се подготвува за важен самит на НАТО во текот на летото ибара сили на НАТО да бидат стационирани трајно во земјата.
Што се однесува до Велика Британија, реално гледано, Камерон е политичарот од кого најмалку можеме да очекуваме да го критикува Качински, бидејќи нему очајно му треба договор за социјалните бенефиции за вработените во кралството имигранти (главно Полјаци), како и да победи на референдумот за британското членство во ЕУ. Но вреди ли Камерон да биде ставен во тесно, иако како одговор може да се слушне само зборови на трикови. Дали некој член на парламентот ќе посака да го праша за Полска при следната седница ?

 

БТА