Авангардниот Model S со напредно далечинско паркирање

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Tesla Motors минатата есен го претстави авто-пилотот за Model S, а сега овој систем е унапреден со воведувањето на опцијата за „далечинско паркирање“.

ikedisks

Автомобилот може да се паркира автоматски со притискање на копче кое се наоѓа на привезокот за клучот, а таа операција може да се изведе дури и ако е затворена вратата од гаражата, но само ако системот за подигнување на вратата е поврзан со компјутерот на Tesla.

Опцијата за автоматско паркирање е достапна благодарение на новиот софтвер v7.1 и камерите и сензорите кои се вградуваат во Model S од октомври 2014 година.