Откако освои Златен глобус за најдобра женска улога во филмот „Joy“, Џенифер Лоренс излезе пред новинарите за да ги сподели впечатоците за освоената награда.

Но, однесувањето на еден новинар и пречеше на глумицата и одлучи злобно да му возврати.
Имено, откако го почна своето прашање, новинарот гледал во својот мобилен, наместо во неа, што не и се допаднало на Лоренс.
„Не можеш да го живееш својот живот зад мобилниот. Не можеш тоа да го правиш, би требало да живееш во реалноста.“, му рече Џенифер.
Иако не е познато што правел во тој момент новинарот на мобилниот и дали можеби го читаше од него прашањето, поради својата постапка се извини.
За однесувањето на глумицата некои ја критикуваа, бидејќи лошо се однесувала кон човек кому англискиот не му е мајчин јазик, други пак ја правдаат дека Џенифер Лоренс со него само се шегувала.