Полицијата во Москва спроведува истрага против лицата кои учествувале во акцијата „Без панталони во подземна железница“ поради евентуално поднесување на прекршочни пријави.

И покрај ладното време во руската престолнина, повеќе од стотина млади Московјани се приклучија на меѓународната акција. Тие ги соблекоа панталоните и здолништата и во долна облека се возеа во подземната железница.
Московската полиција соопшти дека спроведува истрага за тој случај, за да се утврди дали во акцијата е прекшен некој закон или пропис.
Не беше одма јасно за што патниците без панталони можат да бидат обвинети, освен за нарушување на јавниот ред и мир.

Комунистичката партија ги повикува властите младите демонстранти да ги обвинат за нарушување на јавниот морал и традиционалните вредности.
Акцијата, која беше спроведена во 25 градови, почна во 2002 година со перформанс на групата “Improve Everywhere” во Њујорк, а од тогаш се прошири во светот.