Обраќањето на Барак Обама ќе започне во 4ч. утре наутро по македонско време.

Барак Обама вечерва ќе го има последниот годишен говор за состојбата на САД. Од Белата куќа ветуваат нестандардно обраќање, и дека Обама ќе се воздржи од традиционалното набројување на законските приоритети. Наместо тоа, според неговите советници, Обама ќе го користи најверојатно последниот пристап до пошироката национална публика, за да го оправда своето место во учебниците по историја и да вложи оптимизам за иднината. Се очекува околу 30 милиони луѓе да го гледаат обраќањето во живо. Длгоподготвуваниот говор ќе ги повика Американците да се справат со нерешените проблеми – од расната омраза, со контрола на оружјето и злоупотребата на дрога.
Не се очекува Обама да биде дел во темата за претстојните претседателски избори, што ќе го утврди наследникот , но оптимистичкиот тон ќе е во остар контраст со реториката на Републиканската партија.
Советниците на претседателот ќе се обидат да го искористат моментот максимално и преку социјалните и дигиталните медиуми. . По говорот Обама ќе биде интервјуиран од 3 личности во мрежата за видео споделување Youtube. Обраќањето на претседателот доаѓа во сложен момент, година пред тој да ја напушти функцијата.
Сложената политичка ситуација, терористичките закани и немир на средната класа доведуваат до резултатите од неодамнешна студија, според кое 67% од Американците сметаат дека земјата не е на вистинскиот пат. Невработеноста е ниска, економијата расте и шокот од финансиската криза помина, но разликата меѓу богатите и сиромашните е огромна. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест признава за тешкотиите во сферата на економијата и безбедноста, но според него, желбата на републиканците “да се искористи од стравовите и несигурноста на луѓето ја труе политичкиот дебата”. / АФП