Не сме лоши луѓе, едноставно бараме подобар живот

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Мигрантите се плашат од одмазда

20160112.cxnelacatc

Нашата прва реакција беше: Сега Германците ќе нè мразат “,  се доверува Асим Влазним, кога зборува за моментот во кој тој и неговото семејство се под  притсок  на нападите на Нова година во Келн,  гледајќи ги вестите пред својот стар телевизор ” Она што го  направиле на централната станица, е срамно “, коментира  овој 32-годишен Косовар во собата каде што живее заедно со своето семејство.

Кандидатите за азил во големиот западниот град на реката Рајна, кои имаа добредојде со чај, пишува Ромен Фонсгрив од Франс прес, ноќта на дедо мраз им  се претвори во вистински кошмар во Келн кога банди мажи опишани од сведоци како Арапи и северноафриканци, се нафрлија врз жени во околината на катедралата и станицата. Полицијата доби над 500 жалби за сексуални напади или кражби, понекогаш и за двете работи истовремено. Освен затаци  две жени се жалат дека се жртви на силување. Иако во помал обем, слични нешта имаше уште во Хамбург, на север, и Штутгарт, на југ. Локалните власти првично  молчеа и многу нивни претставници предупредија да не се обвинуваат само  бегалците. Многумина во Германија сепак направија врска, во  позадината со  прифатените од земјата минатата година 1,1 милиони кандидати за азил. Потоа властите објавија дека речиси сите осомничени се странци, во поголемиот дел – кандидати за азил.

Притисоци

“Ова не се добри вести за Меркел”, воздивнува Влазними, во момент кога двете најмали деца скокаат безгрижно на своето креветче.Овој татко на вкупно пет деца верува во канцеларката и нејзиното мото “Ќе успееме”, што таа го истакна пред Германците, кога приливот на бегалци почна да ги загрижува. Тој, сепак знае дека “Мама Меркел” е изложена на притисок. “Им  благодарам на Германците, кои не прифатија … Би сакал да им кажам да не се плашат”, вели Косоварот, кој е во Келн од година и половина. Загрижен од дискриминацијата на која се жртва Ашкалите – етничкото малцинство, кон кое припаѓа неговото семејство – тој го напуштил Балканот со надеж дека неговите деца ќе израснат тука.

бегакци

“Ние не сме лоши луѓе, ние само бараме подобар живот”, уверува Влазними, надевајќи се дека алкохолот ги поттикнал некои млади бегалци кон лоши работи. “Тоа би било ужасно”, смета тој, барајќи затвор за сите напаѓачи. “Во сите култури постојат луѓе кои се однесуваат лошо”, воздивнува 36-годишна Босанка, кој посакал анонимност. “Не треба сите бегалци да бидат доведени во вкупен именител “, повикува таа во еден од ходниците на пространата   зграда, во  која се засолнати 623 кандидати за азил иако  официјално дозволениот број е  550. Во таков тип центри во Келн сега има вкупно 10 150 кандидати за азил при население на градот од 1 милион луѓе .

Недоверба

Недовербата им се заканува и од двете страни, констатира оваа мајка на две ќерки. Муслиманка, таа веќе неколку месеци не ја  носи својата шамија и не излегува од центарот по 16 часот. Причината се подметнати во  бегалските центри напади кои  редовно ги ма  во германската реалноста. По драмата во Келн “ние разбираме дека некои Германци се плашат” , продолжува таа. Виновните сепак “можеби се други, а не бегалци”, се надева таа. Во меѓувреме шпекулативните информации и гласини се множат по  интернет. На железничката станица во Келн нејасноста го храни гневот на локалните жители. “Би било навистина супер да знаеме кои се извршителите, тие да бидат уапсени и депортирани, без разлика од која земја доаѓаат”, и се лутат на платформата  на 42-годишната Руте Грас. “Луѓето се -недоверчиви отколку минатиот месец “, предвид Абдул Балде, чекајќи го својот воз. На 28 години, тој штотуку избегал од Гвинеја. “Не сме дојдени за да правиме проблеми. Она што сакам е да научам германски, да имам работа и да бидам слободен “, вели тој . НИе сме само луќе кои баратт подобар живот и слобода.