Еден од најкултните имоти во светот и сон на секој маж – зградата “Плејбој” – наскоро ќе има нов сопственик.f2690cc1af42bef494f70f21a6176290

Сајтот TMZ откри дека медиумскиот магнат Хју Хефнер го пушта за продажба својот дом, сведок на илјадници забави и оргии, за 200 милиони долари.

Понудата ќе биде финализирана следниот месец, но според доста експерти таа е нереална. Брокери тврдат дека реалната цена на имотот не е повеќе од 80-90 милиони долари.

Хефнер нема намера да се раздели со својот дом и новиот сопственик ќе треба да се согласи да живее со магнатот до неговата смрт.

Манор “Плејбој”, Слика: Instagram

Сајтот откри дека потенцијалните купувачи ќе бидат прошетани низ куќата, но нема да имаат пристап само до едно место – во спалната соба на Хју.

Погледнете повеќе фотографии од зградата во галеријата.