Не сите мажи се храбри женкари кои не се плашат да ги наведат жените да флертуваат со нив или да ги направат првите чекори.
Некои мажи се срамежливи и ќутливи. Тоа не ги прави лоши луѓе, туку само интроверти.
Добрата работа е дека на повеќето дами се допаѓаат такви мажи и за нив дури е предизвик да ги извадат од лушпата.
Единствениот проблем е дека жената, на која ѝ се допаѓа срамежлив маж, обично се прашува дали тој има симпатии или е едноставно од учтивост.
Еве и неколку знаци кои ќе ве убедат дека на тивкото момче му се допаѓате, но е премногу исплашено за да ви каже:
1. Тој вечно се врти околу вас
Ако работите заедно и овој маж е секогаш во потрага и близина со вас, ви носи кафе, ручек и т.н., можеби навистина му се допаѓате повеќе од било кој друг. Добар знак е ако тој се обидува да биде околу вас цело време, без да се обидува да е во центарот на вниманието.
2. Тој излегува од зоната на удобност, за да ви угоди
Ако тој се однесува како ваш најдобар пријател и ви прави голем број на услуги, значи му се допаѓате многу. Особено ако е секогаш љубезен и со почит се однесува кон вас и вие чувствувате дека има многу топок однос.
3. Тој секогаш ви се смешка и бара контакт со очи
Вистината е дека ако еден на маж му се допаѓате, тој нема да може да ја воздржуви насмевката кон вас, нема да може и да престане да ве гледа. Наместо тоа тој очајно ќе зјапа во очи, но ќе му е страв да ви каже дека сака нешто повеќе.
4. Тој ви го дава целото внимание
Кога еден маж е целосно проголтан од вас, дури и кога некоја друга ќе се обиде да му го привлече вниманието, значи му се допаѓате многу и не може тоа да го скрие.
5. Тој ви дава мали комплименти
Ако овој човек ја забележува вашата нова фризура, нов фустан, нови чевли, нова торба, нова нијанса на карминот и т.н., значи тој само сака да ви покаже дека забележува сè кај вас.Добар знак е ако почувствувате дека комплиментите се искрени и чесни.
6. Тој не ве поканува на средби
Понекогаш најдобрите момци се срамежливи. Тие не се агресивни и најверојатно пропуштиле многу неверојатни карактеристики кај жените. Ако очекувате таков маж да ви се додворува, тоа нема да се случи. Подобро е вие да го направите првиот чекор – нема што да изгубите.