Путин: САД управуваат со германските медиуми

од desk3
71 прегледи

Путин е убеден дека германските медиуми се насочувани од САД. Претпоставувајќи дека оваа луда теорија е точна, како да си го објасниме незапирливите критики против Америка во германските медиуми? – прашува Рајнхард Везер во својот коментар, а пренесува DW.

putin

Во очите на Путин светот е организиран сосема прегледно: тој е секогаш во право, а другите се или лоши, или мешаат. Затоа и секоја критика против неговата политика нема ништо заедничко со реалноста, туку е дело на некакви темни сили.

Предизвици и оптимизам во последното слово на Обама

Токму оваа шема се применува против руската опозиција, која е обвинувана дека работи за непријателите на Русија. И со истата оваа шема Путин објаснува зошто сликата во германските медиуми е толку лоша. Па многу едноставно: тие, германските медиуми, се “под силното влијание на една земја отаде Атлантикот”, изјави рускиот претседател во интервју за германскиот весник “Билд”.

russian-president-vladimir-putin-television-sets-moscow-electronic-goods-store-getty

Но како да ја објасниме тогаш острата критика против САД во повеќето германски медиуми – поради смртната казна, војната во Ирак, Гвантанамо, АНС, полициското насилство и така натаму. Претпоставувајќи дека тезата на Путин е точна, нема како да не дојдеме до заклучок дека луѓето кои преку Атлантикот ги влечат конците на медиумите во Германија, очигледно не си ја вршат особено квалитетно работата. Или можеби се толку суптилно подмолни што ги користат незапирливите критики против Америка како параван за конспиративната дејност?

Рајнхард Везер, “Франкфуртер алгемајне цајтунг”