Заев гостин во Канал 5: Се однесувате како поголем политички непријател од ВМРО-ДПМНЕ

од desk4
89 прегледи

zaev.mov.Still001

Во интервјуто како гостин во централните вести на Канал5, претседателот на СДСМ, Зоран Заев на уредничката Лидија Богатинова и го повтори ставот дека  телевизијата се однесува како поголем политички  непријател од  ВМРО-ДПМНЕ.

Богатинова го потсети на изјавата од 1ви декември кога рече дека меѓу другите  е и Канал5 е како еден од  најголемите политички непријатели и го праша дали уште го има истиот став

–  За жал се однесувате како медиум како поголем политички непријател од нашиот политички непријател ВМРО-ДПМНЕ. Директно ќе го поставам прашањето – Од 31 декември до 3 јануари го давата Никола Груевски вкупно десет пати. На 31 декември и 1 јануари по два пати, на 2 ри и 3 ти по три пати, рече Заев.

На ова уредничката му објасни дека “станува збор за Премиер на држава” , а тој дополни

– Така е , ама имате нов закон, кој што на многу мудар начин го изигрувате … 10 пати за 3 дена да се даде Премиерот каде што ја сатанизира опозицијата и каде што продолжува да се фали во функција на кампањата? Каде е рамноправната застапеност која секој медиум треба да ја има?. праша Заев

Богатинова повторно констатираше дека и изјавата на Заев била емитувана на Канал 5 , но тој реагираше дека не била 10 пати во три дена.

– Една важна  невладина организација поддржана од странските амбасади вели вака: Манипулации , пропаганда за интересите на Владата,  демонизација на опозицијата, говор на омраза и севкупно погазување на стандардите на новинарството . Тв Канал5, Сител, Алфа и МТВ работеле во партиски наместо граѓански интереси и вели дека овие телевизии имаат огромна продукција на прилози поврзани со политичките актери. Или го фаворизираат ДПМНЕ или го сатанизираат СДСМ.., вели Заев кој додаде дека прифаќањето  на поканата на гостување не е прв пат и посочи дека вината е во националната телевизија.

– Ова интервју немаше да се случи доколку ова интервју не ви беше наредено, знаеме каква е позадината зад вашето доаѓање , рече Богатинова.