(ГАЛЕРИЈА) Џоан Роалинг ја купи јахтата на Џони Деп

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Џоан Роулинг ја купи јахтата на Џони Деп за 32 милиони американски долари. Авторката на Хари Потер беше воодушевена од 15-метарскиот луксузен брод на Холивудскиот актер, која тој ја делеше со неговата поранешна партнерка Ванеса Парадис.7fb29aa5c53571ed32c837fb61cd0f64

50-годишната британска писателка сакала да ја реновира внатрешноста на јахтата за уште 7 милиони долари.

Бродот има три палуби и може да се сместат до десетина гости во пет кабини, а освен тоа има место за екипаж од девет луѓе.

Ѕвездата од “Пиратите од Карибите” ја купи јахтата во 2008 година и ја крсти “Важолирожа” (Vajoliroja), како комбинација на првите две букви на Ванеса, Џони и нивните деца – Лили Роуз и Џек.

Откако се раздели со Парадис и се ожени со актерката Амбер Херд минатата година, Деп ја преименува јахтата на “Amphitrite” на името на грчката божица и ја подари на својата нова жена.

Џ. К. Роулинг има богатство од 580 милиони британски фунти, па сигурно може да си дозволи ваков луксузен подарок.

Според гласините, таа е вљубена во бродот, откако била на одмор со него со нејзиниот сопруг Нил Мареј и нивните две деца – Дејвид и Мекензи.

Се смета дека Џоан ќе ја користи јахтата за одмор со семејството, наместо секој пат да ја изнајмуваза 72 илјади британски фунти неделно.

Разгледајте ја јахтата во галеријата.