Слаткарите во Хрватска веќе немаат право да изработуваат Дизни ликови

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Слаткарите во Хрватска се во паника, откако добија забрана да ги цртаат по колачи за деца ликовите на најомилените Дизни карактери, пишува хрватскиот портал “Индекс”.2-www.marchaelary.wordpress.com20140301_____-stunningly-beautiful-disney-cakes

Казните за прекршување на забраната достигнуваат над 39 000 евра. Мерката е издадена од адвокатите на фирмата “Фан торта фактори”, кои тврдат дека се единствените што имаат лиценца од Дизни да ги користат сликите на цртаните ликови.

Шефот на фирмата Томислав Лутик изјави дека само тој има право да продава слатки инспирирани од милениците на децата, бидејќи единствено тој склучил договор за партнерство со компанијата.

Хрватските слаткари сепак доживуваат сомнеж, зашто Лутик одбива да им ја покаже лиценцата. Претстои наскоро да стане јасно дали децата во Хрватска ќе можат да нарачаат торта за родендени со своите омилени ликови од детските цртани филмови.