Богатите овошја со флавоноиди како боровинките и кајсијата, како и црвеното вино, се суперхрани за мажите, бидејќи ја спречуваат еректилната дисфункција, објави “Дејли телеграф”.
Тоа значи дека за подобро претставување во кревет е доволно мажите да јадат повеќе овошје и да пијат црвено вино. Истражување кое траеше 40 години на научниците од Харвард и од Универзитетот на Источна Англија покажа дека мажите на средна возраст, кои редовно пијат чаша вино и нагласуваат на цитрусовите и шумските плодови, поретко имаат еректилна дисфункција.
Ризикот за проблемот се намалува само по три или четири порции богата храна со флавоноиди или пијалаци. Од сите флавоноиди најголема корист во овој поглед има од антоцијанините во боровинките, црната рибизла, капината, црешите, ротквиците и флаваноните и флавон од агрумите.
Чоколадото исто така е богато со флавоноиди, но влијанието од него е помало.
Познато е дека за спречување на еректилната дисфункција помага и движењето. Ефектот од богатата храна на флавоноиди е споредлив со оној од брзото одење пет часа неделно.
Потрошувачката на овошје го намалува за 14 проценти ризикот од еректилна дисфункција, а комбинацијата на овошје со движење – со 21 процент. Храната со многу флавоноиди ја намалува исто опасноста од дијабетес и кардиоваскуларни болести.