275
Сопругот и менаџер на познатата канадска пејачка Селин Дион, Рене Анжели, почина синоќа во 73-та година од животот по долгата борба со ракот на грлото.
Како што објавија американските медиуми, Анжели починал во својот дом во Лас Вегас.
Анжели, која ја откри Дион и е заслужен за нејзината успешна кариера, со неа беше во брак од 1994 година.
Портпаролката на канадската поп дива информира дека дополнително ќе бидат соопштни повеќе детали за „оваа трагедија“.
– Семејството замолува во овие моменти на жалост да се почитува нивната приватност, нагласи таа.