Гответе се за блокада на грчката граница, земјоделците планираат да ги блокираат ГП со тракторите

од desk3
116 прегледи

Грчки земјоделци од регионот на Серес почнаа протести и најавија дека планираат да направат блокада и на граничните премини, за да бидат забележани.

Image_5235369_407

На нивно собрание се одлучиле да штрајкуваат до 20 јануари, соопштуваат грчките медиуми.

Фармерите најавија дека ќе тргнат со тракторите кон граничните премини и таму на лице место ќе донесат одлука како точно да одржат блокадата на патните артерии.

Пад на цените на земјоделството споредено со мината година

Не за првпат грчките фармери прават блокади на граничните премини. Во годините ова се случувало неколку пати, а штрајковите на своите соседи нанесуваат сериозна штета .

Овој пат земјоделците протестираат против промените во оданочувањето на секторот, како и против пензиските реформи, кои се очекува да бидат внесени за гласање во грчкиот парламент.