Земја на атеисти: Никој од Исланѓаните помлади од 25 не верува дека Бог го создал светот

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Исланд е на пат да стане уште повеќе секуларна земја отколку што е сега, пишува Iceland Magazine.Помалку од половина Исланѓани се религиозни, а над 40 проценти од младите жители на овој остров се декларираат како атеисти. Во анкетата никој од младите испитаници не верува дека Господ го создал светот како што е опишано во Библијата.

reykjavik people_x960

93.9% од младите до 25 години веруваат дека светот е создаден од голема експлозија, а 6,1 % нема мислење или верува во некој трет начин на создавање на светот.

Според анкетата, религиозни Исланѓани има 46,4%,а тоа е најмала бројка досега.

Старите луѓе се посветени на религијата, па така 80,6 % постари од 55 години се сметаат за Христијани, а 11,8 % се атеисти.