Заземањето продолжува, точни податоци за бројот на убиените сеуште нема
Терористи нападнаа ресторан во центарот на Уагудугу, а потоа упаднаа во хотел Splendid, и зела заложници и се поставија барикади.Одговорноста за нападот ја презеде “Ал Каеда во исламскиот Магреб” и нејзиното крило а “Ал Мурабитун”.Најмалку 63 заложници, меѓу кои 33 се повредени, се евакуирани од заробениот од терористите хотел во главниот град на Буркина Фасо, соопштува АФП, повикувајќи се на министерот на комуникациите на земјата.
Претходно истиот министер изјави дека 33 заложници се ослободени од канџите на терористите. Меѓу нив имало и министер од кабинетот на земјата, објави агенцијата Ројтерс. “Има жртви, но сеуште немаме точни податоци. Заземањето продолжува, во него учествуваат силите на Буркина Фасо со поддршка на француските специјални служби “, рече министерот. Сеуште не е јасно уште колку заложници остануваат во канџите на џихадисти. 
Во петокот вечерта вооружени мажи нападнаа установа во главниот град на Буркина Фасо, а потоа зедоа заложници во хотел Splendid во Уагадугу, каде често престојуваат странци и службеници на ОН. Според податоците на раководството на локалната болница, жртви на нападот се најмалку 20 лица. Меѓу убиените има странци.Повредените се 15. Претходноимаче вест дека терористите ги убиле сите бели заложници.