Вечерва, 16 јануари, по повод 43 роденден на Младинскиот културен центар, по петти пат ќе се одржи роденденска забава отворена за сите.
Покрај слатките мафини, гостите ќе бидат почестени со два концерти, изложба, филмска премиера и маратон, како и диџеј сет.
Роденденот започнува во 20:00 часот, а влезот е слободен.
Деталната програма на роденденското мени, во продолжение:
> ОД ДРУГАТА СТРАНА
13 македонски бенда го слават делото на еден од најзначајните бендови на македонската рокенрол сцена – „Падот на Византија“ во сала 25 мај. Настапуваат (по азбучен ред): Autmind Grupata, Bernays Propaganda, GALATHEIA (Теа Шалдева), Demek, Mizar, Милко/Millko,Mooger Fooger Мугер Фугер, Novogradska, PMG Kolektiv, Sasko Kostov,Telonauka Sovrsena, Tempera, Foolish Green Music
> ВО ПОТРАГА ПО ЗАЕДНИЧКО ТЛО
Групна изложба на македонски уметници (поточно единаесет македонски уметници): Славица Јанешлиева, Маја Кировска, Гоце Наневски, Радмила Ончевска, ОПА (Слободанка Стевческа, Денис Сарагиновски), Нада Прља, Игор Сековски, Борис Шемов, Александар Спасоски, Игор Тошевски, Велимир Жерновски, курирана и организирана од Институтот за култура и уметност Арс Акта.
Од Баку, Азејберџан директно во Галерија МКЦ!
> ОБОЖЕНИЕ
Премиера на филм во Кино Фросина. Режијата и сценариото е на Kiril Karakash и Svetislav Podleshanov
> AMPLIDYNE EFFECT
Концерт во Планетариум Amplidyne Effect
> ДИЏЕЈ СЕТ на две кул дами – Христина Шекерова и Violeta Kachakova во Кафе Фросина
> ФИЛМСКИ МАРАТОН
во Кино Милениум (програмата тука: http://kinomilenium.mk/besplaten-filmski-maraton/).