(ВИДЕО) Малески: Можат да пропaднат само термините, но не и суштинскиот дел од договорот во Пржино

од Vladimir Zorba
119 прегледи

„Можат само термините да пропаднат, но не може суштински договорот да пропадне. Тоа би можело само ако овој народ  е согласен и натаму да биде присклушкуван, и натаму власта да биде неконтролирана и натаму да се оди на избори без да се порамни теренот за тие да бидат чесни и натаму да се малтретираат медиумите и да се ставаат под контрола, и ако тоа постои како согласнот тогаш ќе пропаднат. Но, тоа не е така“, вели професорот Денко Малески во интервју за Алсат-М.

„Ние, иако не сме свесни за тоа, сепак сме направиле чекор напред. И тој чекор е многу важен. Поедници може да бидат напредни со своите идеи, но свеста целото општество да направи еден чекор е тешка работа. А, ова што се случи со обелоденувањето на прислушкуваните материјали мислам дека сепак ја потресе таа свест на македонското општество, но пак мора да бидеме реални и да сфатиме дека е многу тешко партија да мобилизира народ околу принципи кои не се јадат, како што се слобода и демократија и дека тие многу често знаат да бидат ставени во втор план од еден измалтретиран и изгладнет народ.“

Има ли време да се прочисти избирачкиот список?

Мислам дека апсолутно нема време бидејќи се во прашање 15 недели. Вчера некој изјави дека проблемот со избирачките списоци може да се реши за три дена, тогаш се прашувам, зошто не бил решен до сега. Зошто се остава во овој тесен период од сто дена?