ЛДП и Партијата на обединетите пензионери бараат одложување на изборите

од desk3
79 прегледи

ldp

Либерално-демократската партија во денешното соопштение наведува дека договорот од Пржино не е мртов и оти е неизбежно одложување на изборите.

– Ги повикуваме четирите партии, потписнички на договорот, што поскоро да седнат на преговарачка маса и да ги решат преостанатите отворени прашања, медиумите и изборниот процес. Ниту една од четирите партии не смее да си дозволи да го минира Договорот од Пржино и да го доведе во прашање новиот термин, кога најрано би можеле да се одржат вонредните парламентарни избори, на почетокот на јуни годинава, се наведува во соопштението од ЛДП.

8f11e487-e503-4986-b34e-a3266246b883
Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) пак смета дека не се реализирани најзначајните обврски договорени помеѓу партиите што го потпишаа Договорот од Пржино, а кои требаше да обезбедат и да гарантираат фер, демократски и кредибилни избори.

Грчките европратеници лути на Хрватите кои сакаат да формираат група „Пријатели на Македонија“

– ПОПГМ не го крие своето разочарување од себичноста и од негрижата за иднината на Република Македонија од партиите на власт. Истите, како учесници во преговарачкиот процес, наместо да се ангажираат за создавање услови и стратегија за демократско решавање на политичката криза, со постојаното одолжување и деструкција на процесот, покажаа дека нивна единствена цел е како да ги заштитат своите лидери за кои постојат бројни индиции за инволвираност во сериозни криминални и коруптивни казниви дела – се вели во партиското соопштение.